Ослободени се сите десетмина приведени по саботниот напад во Лондон

Од:

Британската полиција соопшти синоќа дека се ослободени и преостанатите десет лица кои беа приведени по терористичкиот напад во Лондон.

– Сите кои се уапсени во неделата, на 4 јуни, во рамките на истрагата се сега ослободени без покренување на обвиниение, соопшти лондонската полиција.

По нападот, што се случи во саботата вечерта, беа приведени 12 лица.

Прво беа ослободени еден маж и една жена, а сега и преостанатите десетмина.

Седум лица се убиени, додека 50 се хоспитализирани откако тројца екстремисти влетаа со комби во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа ги нападнаа лицата со ножеви.

Тројцата напаѓачи се убиени од страна на лондонската полиција.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он