Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија

Од:

Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се очекува денеска да се врати во Италија, соопшти италијанската Влада.

„Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија“, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер.

Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави за државната телевизија дека Романо е пронајдена во Сомалија и ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција. Тој додаде дека таа ќе пристигне во Рим со специјален лет.

Романо во ноември 2018 година беше киднапирана во северна Кенија од вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација, наречена Африка Милела. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски