Осама бин Ладен богатството го оставил на Ал Каеда

Од:

Убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен во тестаментот, што денеска е објавен, тврди дека поседува лично богатство од 29 милиони долари, а поголем дел од нив се наменети „за џихад во име на Алах“.

Неговата последна волја денеска е објавена, заедно со повеќе од 100 документи кои се запленети во мај 2011 година, за време на упадот на американскикте сили во Аботабад, Пакистан, при што е убиен бин Ладен.

Лидерот на Ал Каеда планирал своето богатство да го распредели меѓу своите роднини, но сакал поголемиот дел од парите да биде потрошен на активности на терористичката мрежа на исламските екестремисти по нападот врз САД на 11 септември 2001 година.

Од документите е отстранета ознаката тајност и се објавени по долготрајната анализа на американските владини агенции. 

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси маж кој тврди дека го уби Осама бин Ладен

Сандеј тајмс: Принцот Чарлс добил 1,2 милиони долари од семејството на Бин Ладен

Катерина Ѓуровски

Куќата на Осама бин Ладен на продажба

Штрајк со глад почна лекарот кој и помогна на ЦИА за убиството на Осама бин Ладен

Ана Ололовска

Прекинато судењето на лекарот кој и помогна на ЦИА околу Бин Ладен

Татјана Ташкова

Еспер: Синот на Осама бин Ладен е мртов

Ана Ололовска