Осака и околните префектури бараат јапонската Влада да ја прошири вонредната состојба

Од:

Градот Осака и околните префектури бараат јапонската Влада да ја прошири вонредната состојба во градовите на западот на земјата, со цел да се спречи понатамошно ширење на новиот коронавирус.

Просечниот дневен број на нови инфекции во јапонскиот главен град Токио е над 2.000, но јапонскиот министер за економија Јасутоши Нашимира потврди дека ситуацијата во Осака, Кјото и Хјого е сериозна, па затоа се разгледува барањето на гувернерот за продолжување на вонредната состојба на запад во државата.

Владата на Јапонија прогласи вонредна состојба во Токио и трите соседни префектури во четвртокот со цел да се намали ширењето на вирусот, но засега не воведува построги мерки заради негативните последици што може да ги имаат врз економијата.

Во последните 24 часа беа потврдени уште 2.268 случаи на ковида-19 во Токио, што е трет ден по ред со повеќе од 2.000 новоинфицирани лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он