Организаторот на митинг за Трамп во Оклахома не прифаќа одговорност околу Ковид-19

Од:

Лицата кои сакаат да присуствуваат на предизборниот митинг на актуелниот американски претседател Доналд Трамп во Тулса, во сојузната држава Оклахома, нема да имаат право да поднесат тужба во случај да се заразат со коронавирусот.

Според лондонски „Гардијан“, интернет страницата на која може да се регистрираат за собирот содржи и дел во кој организаторот ја отфрла одговорноста за можна инфекција на присутните, а заинтересираните се обврзуваат дека нему и на другите правни и физички лица ангажирани во собирот нема да им поднесат тужба.

Митингот во Тулса, закажан за 19 јуни, ќе биде првиот предизборен митинг на Трамп, бидејќи поголемиот дел од САД од пред три месеци е под мерки за изолација, поради избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Во Оклахома, државата во која Трамп победи на претседателските избори пред четири години, укинувањето на рестриктивните мерки за компаниите заради вирусот почнаа на 24 април, а во тек е третата фаза на враќање во нормалниот живот.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски