Орбан во „мировната мисија“ се сретна и со Трамп

Од:

Унгарискиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

„Мировната мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денес во Мар-а-Лаго. Разговаравме како да стигнеме до мир. Добра вест на денот: Тој ќе го реши тоа!“, објави Орбан на X social мрежа заедно со фотографија со Трамп.

Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, а оттогаш Орбан отпатува во Киев, Москва и Пекинг, каде разговараше со Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинеските лидери, како што тврди, за ставање крај на војна во Украина. После тоа, тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.

Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската унија, кои велат дека Орбан не се однесува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно дека не ја претставува ЕУ кога разговара со рускиот претседател Путин, кој двајца и Пред половина година и нареди на руската армија да ја нападне Украина и ја предизвика најголемата војна во Европа од крајот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

A1on

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Мицкоски: Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат Македонија во нивото предизборие, не влегуваме во такви замки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голата статуа на Доналд Трамп ги згрози минувачите

Предраг Петровиќ