Орбан: Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од илегалната миграција

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од проблемот со илегалната миграција, која бара многу енергија од трите земји и ги изложува на огромни трошоци.

dobivaj vesti na viber

На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Карл Нехамер по трилатералната средба во Будимпешта, Орбан рече дека тој го иницирал самитот поради влошувањето на ситуацијата со илегалната миграција.

„Светот има и други сериозни проблеми, како што се руско-украинската војна, скапите енергенси и санкциите, и не се фокусира доволно внимание на миграцијата иако тоа прашање е исто толку важно како и претходните. Унгарија ја иницираше оваа средба бидејќи сме во специфична ситуација, имаме миграција од два правци, над милион бегалци дојдоа од правец на Украина, а на нашата јужна граница имаше повеќе од 180 илјади обиди за илегален влез“, рече Орбан.

Орбан нагласи дека од миграциските рути што водат кон Европа „најтешко е погодена западнобалканската рута“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Србија ги ограничи цените на маслото за јадење, шеќерот и брашното

А1он

Сијарто: Нема влез на Украина во НАТО додека не се реши прашањето на унгарското малцинство

А1он

Учениците насилници од Трстеник избркани

Катерина Павлова-Николовска

Сијарто: Пред две недели избегнавме Трета светска војна, ризикот постои и понатаму

А1он

Поради насилство во училиштата просветарите во Србија ја прекинуваат наставата

А1он

Во Австрија поради високата инфлација ќе се зголемат платите на политичарите

А1он