Oрбан: Унгарија „цврсто“ останува на ветото за буџетот на ЕУ

Од:

Останува „цврст“ ставот на Унгарија за ветото на буџетот и фондот за обнова на Европската Унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи оти не сака компромис за прашањето за владеењето на правото.

Изјавата на Орбан уследи откако вчера заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Будимпешта соопштија дека ЕУ не може да го условува пристапот до средствата од буџетот и фондот за обнова со владеењето на правото, освен ако ЕУ не го смени основачкиот акт.

Унгарија и Полска минатата недела ставија вето на најновиот повеќегодишен буџет на ЕУ и на планот за обнова. Тие се против механизмот кој дозволува да бидат лишени од средствата во случај на кршење на владеењето на правото (независно судство, политика против корупцијата), оценувајќи го како напад врз нивната независност.

Брисел претходно покрена истрага за Унгарија и за Полска поради наводно поткопување на независноста на судството, медиумите и невладините организации.

Орбан во денешната изјава за унгарското државно радио истакна дека гласовите на Унгарија и на Полска се клучни за буџетот и фондот на ЕУ.

– Поврзувањето на политичките расправи со економските прашања не е законски, туку политичка одлука на неколку земји-членки на ЕУ и на Европскиот парламент. Нашиот став е цврст, нивниот е само политичката волја. Нивниот став може да се смени, нашиот не. Не сакам компромис, истакна Орбан.

Неименуван дипломат изјави дека „Унгарија и Полска со своите изјави се движат се подлабоко и подлабоко во изолација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

ЕУ подготвува казна за Унгарија