Орбан: Нема да се согласиме Унгарија да стане земја на имигранти

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан им порача на лидерите на ЕУ дека Унгарија нема да стане „земја на имигранти“.

Орбан изјави дека Европската унија верува дека владеењето на правото го следат само оние земји кои се за миграцијата и кои се подготвени да се претворат во земји на имиграција, нагласувајќи дека Унгарија ќе се спротивстави на тоа.

-Унгарија ќе се спротивстави на тоа и ние нема да прифатиме финансиски притисоци. Нашата позиција е цврста, изјави Орбан за државното радио.

Според него, ЕУ треба да се фокусира на обезбедувањето на потребните средства за земјите-членки, на кои тие им се потребни.

Тој оцени дека условеноста со почитување на правата не треба да биде услов за одвојување пари од Фондот за помош и оцени дека зад тоа стои американскиот бизнисмен со унгарско потекло, Џорџ Сорос.

-Сорос уште во 2015/2016 година прераспореди дека земјите кои не сакаат да прифаќаат мигранти треба да бидат финансиски казнети. Прифаќањето на сегашниот предлог на ЕУ би значело дека дел од нашиот буџет може да биде одземен ако одбиеме да прифатиме мигранти, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

ЕУ подготвува казна за Унгарија