Орбан: НАТО оди кон самоубиство

Од:

Подготовките на НАТО за операција во Украина се во целосна спротивност со одбранбената природа на алијансата и му се закануваат со самоубиство, рече Виктор Орбан во напис за Newsweek.

„НАТО се приближува до пресвртна точка. Треба да се запомни дека најуспешниот воен сојуз во историјата е основан како мирен проект и неговиот иден успех зависи од неговата способност да го зачува мирот. Меѓутоа, денес, наместо мир, потрагата по војна е на дневен ред, а наместо одбрана – напад Сето ова е во спротивност со главните вредности на НАТО“, пишува Орбан по повод претстојниот самит на НАТО во Вашингтон.

Според него, НАТО има задача да ја зачува Алијансата како „мирен проект“.

Кога станува збор за иднината на Алијансата, Унгарија „не се согласува целосно со мнозинството земји-членки“ кои веруваат дека конфликтот со другите геополитички сили е неизбежен.

„Денес, сè поголем број гласови во НАТО зборуваат во корист на неопходноста или дури и неизбежноста од воена конфронтација со другите светски геополитички сили. Оваа идеја за неизбежна конфронтација е како самоисполнувачко пророштво. Колку повеќе лидерите на НАТО веруваат дека конфликтот е неизбежен, толку е поголема улогата што тие ќе ја играат во неговото започнување“, предупреди Орбан.

Како што појасни, сега станува се поочигледно поради веста дека почнале подготовките за евентуална операција на НАТО во Украина, а трупите на земјите од Алијансата се веќе во близина на украинскиот фронт.

„За среќа, Унгарија постигна важен договор со НАТО кој ја признава нашата важна улога во Алијансата и кој не ослободува од директна поддршка за Украина, без разлика дали е воена или финансиска.

Но, мора да бидеме многу внимателни кога станува збор за напуштање на вредностите врз кои е создадена нашата Алијанса. Целта за која е формиран НАТО е да се обезбеди мир во интерес на стабилен економски, политички и културен развој.

НАТО ја исполнува својата цел кога се стреми кон мир, а не војна. Ако избере конфликт наместо соработка и војна наместо мир, ќе се самоубие“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Мицкоски: Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат Македонија во нивото предизборие, не влегуваме во такви замки

Катерина Ѓуровски