Орбан му порача на Брисел: Унгарците сакаат распуштање на Европскиот парламент

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент во сегашната форма да се распушти поради актуелниот корупциски скандал.

На годишната меѓународна прес-конференција вчера во Будимпешта тој изјави дека кредибилитетот на таа институција неодамна бил доведен во прашање и дека го поддржува укинувањето на тоа тело како што е моментално, пренесе АП.

„Степенот до кој е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија со последниот скандал не може да биде помал“, рече тој, додавајќи дека е време да се „исцеди мочуриштето“ во Европската унија.

Забележано е дека Орбан ја позајмил таа фраза од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и ја искористил за да го нападне Брисел поради неодамна откриениот корупциски скандал поврзан со сомнителната проневера на одредени пратеници со пари за услуги во кои наводно е вмешан Катар.

Агенцијата посочува дека прес-конференцијата е речиси единствениот повод во годината кога Орбан дозволува прашања од светски или унгарски медиуми кои се критички настроени кон актуелната власт.

Според агенцијата, популистичкиот премиер, кој го освои четвртиот последователен мандат во април, учествувал во чести битки со ЕУ, која го обвинува за кршење на демократските норми, масовна корупција во државните органи и за скратување на правата на малцинствата.

Дополнително на тензиите меѓу Будимпешта и Брисел е лобирањето на унгарската влада против санкциите против Москва поради нејзината војна во Украина.

Орбан, кој се смета за еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, тврди дека санкциите биле неефикасни како притисок врз Русија да ја прекине војната и им нанеле поголема штета на европските економии отколку Русија.

Би можело да ве интересира

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

Орбан: Можно е за брзо време западните трупи да бидат во Украина

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Орбан: Ние во Унгарија се обложивме на враќање на претседателот Трамп

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

Орбан: Ќе ја загубиме Србија