Орбан: Миграциите се организирано зло

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека миграциите се зло и дека се одвиваат на организиран начин, а Унгарија плаќа висока цена бидејќи, како што рече, „плива спротивно на доминантната европска политичка струја“.

– Плаќаме висока цена. Унгарија плаќа висока цена поради непотпишувањето на Истанбулската конвенција, потоа одбивањето да поддржи каква било политика на студена војна; плаќаме висока цена бидејќи не го клоцаме рускиот претседател секој ден заедно со западњаците, туку му даваме почит што го заслужува како шеф на држава, плаќаме висока цена бидејќи го штитиме христијанскиот модел на семејство, затоа што ЛГБТ лудилото нема место тука, изјави Орбан.

Тој, исто така, смета дека Унгарија плаќа висока цена заради својата позиција во однос на миграцијата и затоа што не ја прифаќа бирократијата во Брисел, туку како противтежа сака да гради средноевропска соработка.

– Кога на унгарската граница ќе се појават десетици илјади главно млади мажи, кои се во совршена физичка состојба и кои во колона газат преку државната граница, и ако сакаме да ги запреме, тие газат и преку нас, тогаш не зборуваме за миграција, туку за кршење на суверенитетот. Тоа мора да престане, истакна Орбан.

Унгарскиот премиер нагласи дека миграциите се зло и дека Унгарија е убедена оти тие не се случуваат спонтано, туку на организиран начин.

– Тоа Западот го смета за теорија на заговор, но сето тоа е сепак организирано со политички и деловни мотиви, а последиците ќе бидат пристигнување на големи муслимански маси на европскиот континент. Верувам дека сите оние кои не се бранат себе си, нема да ја препознаат својата земја за 20 години. Промена ќе се случи со надворешно влијание, кое едноставно им се наметнува. Мислам дека Никола Зрински би знаел што треба да прави во таква ситуација, изјави Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо