Општи избори во Мјанмар

Од:

Во Мјанмар денеска се одржуваат општи избори, а фаворит е партијата Национална лига за демократија (НЛД) на Аунг Сан Су Чи.

НЛД победи и на изборите во 2015 година, но беше принудена на деликатна поделба на власта со армијата.

Армијата контролира три клучни министерства – за внатрешни работи, за одбрана и Министерството за границата, а според Уставот на Мјанмар има 25 отсто од местата во Парламентот.

Изборите поради безбедносни причини се одложени во сојузната држава Ракхин, северозападен Мјанмар, каде изминатите две години е интензивирано насилството помеѓу армијата и една бунтовничка фракција. Но, според дел од експертите тоа е направено за да се замолчат етничките партии кои имаа шанси за победа во тој регион.

Тоа се втори избори по распуштање на хунтата во 2011 година, но НЛД би можела да добие помалку гласови, пред се поради појавата на десетина нови партии, но и неуспехот на 75-годишната Аунг да постигне мир со неколку побунети малцинства.

Речиси 600.000 Рохинџи, кои останаа во Мјанмар, се уште не можат да добијат државјанство и поради тоа неможат да учествуваат на изборите. Вкупно два милиони луѓе нема да можат да гласаат што дополнително може да ги интензивира вооружените судири.

Аунг во 1991 година ја доби Нобеловата награда за мир и има поддршка кај мнозинската етничка група Бурманците, но не како претходно. Таа беше критикувана и поради нејзината пасивност при протерувањето на Рохинџите. Голем број Рохинџи во 2017 година бегајќи од армијата засолниште пронајдоаво Бангладеш, а Мјанмар е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд за правдата.

Новиот состав на Парламентот треба да го избере претседателот на Мјанмар. Но, Аунг не може да биде кандидирана за претседател бидејќи е омажена за странец, но повторно може да биде именувама за „посебна државна советничка“, должност воведена посебно за неа, што и овозможува де факто да владее со земјата.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар