Општи избори во Јужна Африка

Од:

Вкупно 26,7 милиони граѓани на Јужна Африка денеска ќе гласаат на шестите парламентарни и покраински избори од воспоставувањето на демократијата во 1994 година.

Изборите се одржуваат кога се одбележуваат 25 години од крајот на апартхејдот.

Граѓаните ќе гласаат за 400 пратеници во долниот дом на Парламентот, каде мнозинство има партијата Африкански национален конгрес (АНЦ) со 249 пратеници. АНЦ е на власт од 1994 година.

По изборите, пратениците имаат рок од 30 дена да изберат шеф на државата.

Граѓаните треба да се изјаснат и за пратеници во покраинските општини. Во Јужна Африка има девет покраини, а секоја општина има од 30 до 80 членови. Нивната улога е носење на локални закони.

Според анкетите АНЦ, партијата на покојниот Ненсон Мандела, има поддршка од околу 60 проценти.

АНЦ во изминатиот период ја потрсоа бројни корупциски скандали и лоши економски резултати.

Со доаѓањето на Сирил Рамафос за претседател на Јужна Африка по Џејкоб Зума, кој беше вмешан во бројни афери, запрен е падот на рејтингот на АНЦ.

Ако АНЦ победи на изборите тогаш сигурно 66-годишниот Рамафоса ќе добие петгодишен претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија