Општи избори во Индија

Од:

Околу 900 милиони Индијци во следните 39 дена ќе гласаат за новиот состав на Парламентот. Изборите ќе се одвиваат во седум фази, а официјалните резултатити предвидено е да бидат објавени на 23 мај.

Кој и да победи на изборите и формира влада, ќе управува со втора земја во светот по бројот на жители,силна економија и нуклеарна сила.

Индискиот парламент има два дома. Народното собрание или Долниот дом има 545 пратеници, од кои 543 се избираат директно од граѓаните, а двајца членови ги назначува претседателот на Индија. Мандатот на пратениците е пет години. Совет на држави или Горниот дом може да има максимум 250 пратеници, чиј мандат е шест години. Членовите на Горниот дом индиректно се избираат од законодавните тела на сојузните државите. Сега има 245 членови, од кои 233 се избираат од сојузните држави и територии, а 12 ги предлага претседателот поради нивниот придонес во уметноста, спортот и бизнисот.

Во исто време со општите избори граѓаните ќе гласаат и за членови на законодавите домови во индиските сојузни државите Андра Прадеш, Аруначал Прадеш, Одиша и Сиким.

Според анкетите, фаворит е партијата Баратија Џаната (БЈП) на премиерот Нарендра Моди, а негов главен ривал е опозицискиот лидер Раул Ганди, наследник на политичката династија Ганди – Нехру.

За некоја партија или коалиција да формира влада потребно е да освои миунимум 272 пратенички места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати