Oпштата вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана за периодот април-јуни

Од:

Oпштата јавна кампања за вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана во периодот од април до јуни, најави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон истакна дека вакцините на почетокот од 2021 година првенствено ќе бидат резервирани за најранливите групи, додека во периодот од април до јуни со вакцинацијата ќе бидат опфатени поголем број луѓе “, објасни тој.

Од своја страна, премиерот Жан Кастекс најави пред Националното собрание дека старите лица кои живеат во домови за стари лица ќе бидат вакцинирани како приоритетни против Ковид-19, во согласност со препораките на Високиот орган за здравство издадени во понеделникот. Една „категорија“ на персонал што работи во домовите за стари лица, исто така, ќе биде дел од овој прв бран на вакцинација, истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано