Опозицијата во Венецуела ги продолжува разговорите на Барбадос

Од:

Опозицијата на Венецуела соопшти дека ќе се врати на Барбадос за да ги продолжи разговорите со владата на претседателот Николас Мадуро, со цел да се разреши политичката криза во земјата.

Двете страни се состанаа минатата недела на Барбадос, каде што разговараа под претседателство на Норвешка, но во четвртокот се вратија без соопштение за тоа што е договорено.

Тимот за односи со јавност на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо на Твитер објави дека делегацијата се враќа „за да се постигне промена која може да стави крај на страдањето на Венецуела“.

Во Венецуела има политичка и економска криза, недостиг на струја и основни потреби.
Гуаидо е признат од САД и над педесет земји, додека Мадуро го поддржуваат Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски