Опозицијата во Венецуела бара формирање итна влада заради борба со Ковид-19

Од:

Венецуела треба да формира итна влада составена од опозицијата и некои членови на владејачката Социјалистичка партија со цел да обезбеди странска помош во борбата против коронавирусот, оцени лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро не ужива поддршка од Западот по контроверзниот реизбор во 2018 година. Поради тоа, малку странски донатори се подготвени да помогнат во обновата на здравствениот систем во оваа земја, уништен по децении на економска криза.

Гуаидо истакна дека коалициската влада ќе успее да обезбеди странска помош од 1,2 милијарди американски долари за борба против корона вирусот. Тој, во видео интервју, рече дека е клучно да се обезбеди вода во болниците, како и да се зголеми бројот на кревети и респиратори.

Опозицискиот лидер, признат од повеќе од 50 земји како вистински претседател на земјата, истакна дека во итната влада не би учествувале Мадуро или неговите блиски сојузници, обвинети од Министерството за правда на САД за нарко-тероризам.

Во Венецуела досега се евидентирани 129 случаи на заразени со коронавирус, од кои три лица починаа.

Инаку земјата е во карантин, како мерка која ја воведе Мадуро, но опозицијата тврди дека тоа не е одржливо поради проблемите со глад и недостиг на гориво во земјата.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска