Австралискиот премиер Тони Абот се најде денеска под притисок на опозицијата која бара неговата влада да прима повеќе мигранти за олеснување на кризата во Европа.
Абот претходно наведе дека Австралија ќе прими повеќе бегалци од Сирија, но дека годишната квота од 13.750 нема да се зголеми заради тоа што се најде на мета на критиките на опозицијата.
Опозицијата побара „значајно зголемување, затоа што станува збор за значајна криза, повикувајќи се на одлуката на владата од 1999 година кога е дозволено дополнително прифаќање на четири илјади бегалци од Косово.