Опел плати парична казна и нема да оди на суд во Германија поради емисијата на издувни гасови

Од:

Производителот на автомобили Опел нема да се соочи со судска постапка во Германија во врска со емисијата на издувни гасови од возилата со дизел погон, откако плати казна од 64,8 милиони евра (75,5 милиони долари), соопштија денеска обвинителите во Франкфурт.

Казната е изречена бидејќи емисиите од неколку модели на Опел содржат загадувачи на значително повисоко ниво отколку што е соопштено на германскиот орган за лиценцирање возила, информираат обвинителите, пренесува ДПА. Ова значи дека Опел нема да се соочи со серијата судски процеси со кои се соочи конкурентот Фолксваген.

Постапките против шест менаџери на Опел, исто така, се отфрлени – или затоа што нивната улога била ограничена или откако платиле казни.

Опел, во моментов во сопственост на мултинационалната корпорација „Стелантис“, нагласи дека не се соочува со обвиненија за намерен криминал или за инсталирање софтвер за измами, како што беше случај со другите производители.

Германскиот орган за лиценцирање му наложи на Опел во 2018 година да повлече одредени модели. Опел потоа го прилагоди софтверот во посочените возила.

Компанијата беше во сопственост речиси 90 години на американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс, пред да биде преземена од француската групација ПСА во 2017 година, која пак се спои со Фиат Крајслер во Стелантис на почетокот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени