ОПЦВ: Режимот на сирискиот претседател е одговорен за нападот со хлор во кој загинаа 43 лица

Од:

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска соопшти дека истрагите откриле дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за нападот со хлор врз градот Дума во 2018 година, а во кој загинаа 43 лица.

Во извештајот на ОПЦВ се наведува дека има „разумни основи да се верува“ дека воен хеликоптер на режимот на Асад гаѓал станбена зона во градот со два цилиндри полни со хлор, пренесува Анадолија.

Дума е главен град на провинцијата Риф Димашк и се наоѓа десет километри североисточно од Дамаск.

Според извештајот, бомбите биле наполнети во воздухопловната база Думаир, североисточно од Дамаск, а пукањето го извршиле елитните сили на сирискиот режим.

„Истражниот тим разгледа голем број можни сценарија и ја тестираше нивната валидност во однос на доказите што се собраа и анализираа за да дојде до заклучок: сириските арапски воздухопловни сили се извршители на овој напад“, се вели во соопштението на организацијата.

Шефот на ОПЦВ Фернандо Аријас истакна дека употребата на хемиско оружје во Дума и на кое било друго место е неприфатливо и претставува кршење на меѓународното право.

ОПЦВ претходно утврди дека режимот користел хемиско оружје во Ал Латаминах во март 2017 година и во Саракиб во февруари 2018 година.

ОПЦВ со седиште во Хаг, тело за спроведување на Конвенцијата за хемиско оружје (CWC), ги надгледува глобалните напори за трајно елиминирање на хемиското оружје.

Употребата на хлор како хемиско оружје претставува прекршување на обврските на сирискиот режим според CWC, чиј потписник е земјата, како и на резолуцијата 2118 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка