Опаѓа довербата во ЕУ поради економската криза

Од:

Поддршката на ЕУ и европската економска интеграција е значително намалена во многу европски држави поради економската криза, а особено во Франција, покажуваат резултатите од објавената анкета на американскиот центар за истражување Пју.

Довербата во ЕУ во 2012 година беше повеќе од 60 проценти, а оваа година е 45 проценти.
Во Франција довербата е најмала со 41 процент, наведува Пју и додава дека во Шпанија поддршката е 46 проценти.

Во Германија на ЕУ и даваат поддрка 60 проценти од анкетираните, а на Италија 58 проценти.

-Напорот во последните 50 години да се формира обединета Европа денес е главна жртва на кризата на еврото, наведува Пју и додава дека во Грција каде што довербата беше мала, сега изнесува 33 проценти.

Единствено во Чешка е зголемен бројот на испитаници за Европа, 38 проценти.

Франција и Германија имаат различни мислења за економската состојба, 91 процент од испитаниците на Франција сметаат дека стопанството е во многу лоша состојба, додека 75 проценти од Германците мислат дека економијата е во добра состојба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија