ОН: Зголемена несигурноста во обезбедување храна во четири држави во светот

Од:

Во четири држави – Демократска Република Конго, Јемен, Нигерија и Јужен Судан – расте несигурноста во обезбедување храна, што ги става во опасност животите на милиони. Предупредувањето го објави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи Марк Лоукок во документот предаден на 15-те членки на Советот за безбедност на ОН.

„Несигурноста во обезбедувањето храна предизвикана од конфликти е влошена од природни катастрофи, економски превирања и здравствени кризи, сите засилени и од пандемијата на коронавирусот. Заедно, тие фактори се ризик за животот на милиони жени, мажи и деца” се вели во документот.

Постојат хуманитарни програми во четирите земји, но во повеќето случаи тие беа суспендирани или намалени поради недостиг на финансиска поддршка од меѓународната заедница. Советот за безбедност на ОН е повикан да ги засили напорите за постигнување мир во тие држави, да обезбеди дека таму се почитува меѓународното хуманитарно право и да се зголеми финансиската поддршка за хуманитарните операции.

Исто така, се забележува влошување на несигурноста во обезбедување храна во Сомалија, Буркина Фасо и Авганистан, според документот на Марк Лоукок до Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата