ОН: Загадувањето на воздухот е во корелација со смртноста од Ковид-19

Од:

Глобалното загадување на воздухот и емисиите на штетни гасови се во корелација со глобалната стапка на смртност од Ковид-19, се наведува во денеска објавениот извештај на Обединетите нации за влијанието на пандемијата на коронавирусот врз најголемите градови во светот.

„Постојат докази дека загубата на квалитет на воздухот е во корелација со повисоките стапки на смртност од Ковид-19“, се наведува во извештајот, истакнувајќи дека загадувањето на воздухот и емисиите на штетни гасови значително се опаднати во екот на пандемијата, пренесува Тасс.

„Меѓутоа, се додава во извештајот, тоа што е стекнато во однос на животната средина може да биде привремено доколку градовите повторно се отворат без политики насочени кон спречување на загадувањето на воздухот и промовирање на намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот истакнува дека е неопходно да се следат принципите на еколошко засилување, еластичност и инклузивно економско закрепнување.

„Многу градови изградија нови велосипедски патеки и пешачки зони, со што повторно го ставаат на располагање јавниот простор и ја подобруваат подвижноста, безбедноста и квалитетот на воздухот“, додаде Гутерес.

-Со фокусирањето на високата трансформација на животната средина и создавањето работни места, пакетите за поттикување можат растот да го насочат кон ниската емисија на јаглерод диоксид и отпорноста и да ги унапредат целите за одржлив развој, рече Гутереш.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов