ОН: Во Венецуела се убиени 5.300 лица поради „отпор кон властите“

Од:

Владата на Венецуела минатата година регистрирала околу 5.300 убиства при безбедносни операции кои биле спроведени со цел сузбивање на „отпорот кон властите“ во земјата, стои во извештај на високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле.

Само во првите пет месеци од 2019 година регистрирани се уште 1.569 убиства.

Башеле вели дека за време на операциите се случиле „шокантно голем“ број убиства без судски одлуки.

Извештајот на ОН се фокусира се на изминатите 18 месеци и се повикува на податоци на групи за човекови права, жртви, сведоци и други извори.

Башеле исто така повика на разоружување и расформирање на провладините вооружени групи познати како „колективос“.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски