ОН: Третманот на талибанците кон жените е злосторство против човештвото

Од:

Третманот на талибанците кон жените и девојчињата може да се смета за родово заснован прогон и затоа е злосторство против човештвото, велат експертите на ОН.

„Во последниве месеци, кршењето на основните права на авганистанските жени и девојки, и онака сурови и неприфатливи, драстично се зголемија“, велат независните експерти ангажирани од ОН.

Експертите се дел од механизмот за утврдување и следење на фактите во повеќе земји во светот и за различни тематски прашања на Советот за човекови права. Тие се независни од која било влада, организација или институција.

Експертите од областа на човековите, културните и другите права и слободи посочуваат дека на девојчињата во Авганистан им е забрането средно образование, дека жените не можат сами да одат во паркови или спортски сали, ниту пак да патуваат надвор од нивното место на живеење.

Во средата, телекомуникациските власти во провинцијата Урузган објавија дека жените повеќе не можат да купуваат СИМ-картички за мобилни телефони бидејќи продавниците немаат посебни зони за да ги опслужуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он