ОН: Штетата поради израелската блокада на Појасот Газа изнесува 17 милијарди долари

Од:

Израелската блокада на Појасот Газа, што е предводен од Хамас, досега предизвика економска штета од 16,7 милијарди американски долари, ја продлабочи сиромаштијата и драстично ја зголеми невработеноста, се наведува во најновиот извештај на Обединетите нации во кој Тел Авив се повикува да ја заврши блокадата на оваа палестинска територија.

Извештајот на Конференцијата на ОН за трговија и развој е уште еден од низата повици и критики од меѓународните организации упатени до Израел во врска со долгогодишната блокада на палестинската територија, пренесуваат агенциите.

Американските медиуми потсетуваат дека Израел ја почна блокадата на Појасот Газа во 2007 година, откако движењето Хамас, кое се противи на постоењето на државата Израел, насилно ја презеде контролата врз оваа територија од меѓународно признатите палестински власти.

Со израелските мерки, во комбинација со ограничувањата што кон Појасот Газа ги наметна и соседен Египет, со години строго се контролира движењето на луѓе и стоки на оваа палестинска територија.

Израел блокадата ја објаснува како обид да го спречи Хамас, непријателот со кој се соочи во три војни досега, да ги зајакне своите воени капацитети.

Бројни критичари, меѓутоа, тврдат дека потегот на Израел, покрај казнувањето на околу два милиони жители на Појасот Газа, не доведе до никакви промени кога станува збор за начинот на функционирање на Хамас.

„Резултатот е дека регионалната економија на Газа е доведена до работ на колапс и е изолирана од палестинската економија и остатокот од светот“, се наведува, меѓудругото, во извештајот на агенцијата на ОН.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ