ОН: Решение за блискоисточниот конфликт е формирање на две држави

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа ја повтори својата поддршка за решавање на израелско-палестинскиот конфликт со формирање на две држави.

Првпат ОН се огласува за израелско-палестинското прашање откако американскиот претседател Доналд Трамп во јануари го претстави мировниот план за Блиски Исток.

Планот на Трамп наиде на позитивни реакции од израелска страна, додека Палестинците го отфрлија.

Во соопштението на ОН, за кое гласаа сите 15 земји-членки на СБ, вклучително и САД, не се спомнува планот на Трамп, ниту се спомнуваат палестинските претензии за формирање независна држава, која би опфаќала целиот Западен Брег и источен Ерусалим, територии што Израел ги окупира за време на војната во 1967 година, и отстранување на повеќе од 700.000 еврејски доселеници.

Во соопштението се наведува и дека „сите страни треба да се воздржат од поткопување на решението за две држави со цел да се стигне до праведен, сеопфатен и траен мир“.

– Членовите на СБ ја нагласија потребата да вложат заеднички напори за покренување на кредибилни преговори за сите прашања за конечниот статус во блискоисточниот мировен процес, се истакнува во соопштението.

СБ на ОН изрази и голема загриженост за насилството врз цивилите.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство