ОН: Рекордни нивоа на количествата на штетни гасови во 2018 година

Од:

Количествата на јаглероден диоксид и другите штетни гасови во земјината атмосфера во 2018 година достигнале рекордно високи параметри, се наведува во извештајот на ОН, цитиран од светските агенции.

Според извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО), објавен во Женева, концентрацијата на јаглероден диоксид минатата година достигнала концентрација од 407,8 честички во милион. Тоа е за 47 проценти повеќе од нивоата од прединдустриската ера.

СМО истакнува дека ова е долгорочна тенденција и идните генерации на Земјата ќе се судрат со уште потешки последици од загревањето на климата – покачување на температурите, зголемување на бројот на екстремни природни појави, зголемување на нивоата на океаните и разурнување на екосистемите.

Во 2017 година беше измерена концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата од 405,5 честички во милион.

Вториот штетен гас – метанот, исто така, лани постигнал рекорд според концентрацијата во атмосферата – 1.869 честички во милијарда. Тоа е за 159 проценти над нивоата од прединдустриската ера.

Рекордна е и концентрацијата на азотен оксид, што достигнал 331,1 честиски во милијарда. Овие вредности за 23 процент и ги надминуваат прединдустриските ниова од XVIII век.

Во целина, од 1990 година топлинскииот ефект од штетните гасови се зголемил за 43 проценти.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска