ОН: Рекордни 168 милиони луѓе ќе имаат потреба за хуманитарна помош во 2020 година

Од:

Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот, се вели во извештајот на ОН.

Бројот на луѓе на раб на егзистенција е зголемен за 22 милиони од минатата година, поради насилни и долготрајни судири, климатските промени и економска нестабилност, наведува ОН.

Во годишниот глобален хуманитарен извештај, ОН и партнерски невладини организации велат дека планираат да им помогнат на 109 милиони од најранливите во 55 земји следната година, за што се потребни 29 милијарди американски долари.

Опустошен од војната Јемен се наведува во извештајот на ОН како најголема хуманитарна криза во светот, а потребите за помош остануваат „екстремно високи“ во Сирија, Демократска Република Конго, Сомалија, Јужен Судан и Судан.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска

Русија денеска го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Ана Ололовска