ОН: Речиси 12 милиони се соочуваат со акутен глад во Судан

Од:

Обединетите нации прикажаа мрачна слика за хуманитарната ситуација во Судан, нагласувајќи денеска дека речиси една четвртина од населението во земјата е гладно поради огромен недостиг на финансиски средства.

dobivaj vesti na viber

Околу 11,7 милиони луѓе страдаат од акутен глад во Судан, околу два милиони повеќе од минатата година.

Продлабочената криза со храна во Судан е предизвикана главно од кревката економија, сушата, намалувањето на обработливото земјиште и нередовни врнежи од дожд, соопшти Канцеларијата на ОН за храна и земјоделство.

Источноафриканската земја е во политичка криза по воениот удар во октомври.Најпогодени се главниот град Картум, регионот Дарфур и провинциите Касала и Бел Нил.

Се проценува дека околу четири милиони деца на возраст под пет години и бремени жени и доилки се акутно неухранети и имаат потреба од хуманитарна помош. На околу 93.000 од нив им е потребна посебна медицинска нега.

Светската програма за храна соопшти дека била принудена да ги намали оброците за бегалците низ Судан поради недостиг од финансиски средства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 220 жртви во племенски судири во Судан

Во Судан околу седум милиони деца не одат на училиште

А1он

Во поплавите во Судан загинаа 66 луѓе

А1он

Илјадници Суданци низ улиците на Картум протестираат против воената управа

Судан има драматичен недостиг на храна поради намалувањето на хуманитарната помош

Ана Ололовска

ОН ја осуди интервенцијата против демонстрантите во Судан

Ана Ололовска