ОН реагираа на најавата на Путин: Последиците може да бидат катастрофални

Од:

Портпаролот на Обединетите нации Стефан Дизарик денеска изјави дека Русија и САД мора да продолжат целосно да го спроведуваат Новиот договор СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување.

„Без контрола на нуклеарното оружје, светот е многу поопасен, понестабилен, со можни катастрофални последици. Треба да се направат сите напори за да се избегне овој исход, вклучително и итно враќање на дијалогот“, нагласи Дизарик, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот СТАРТ.

„Повторувам, не се повлекуваме, само го прекинуваме учеството“, рече Путин.

Тогашните американски и руски претседатели Барак Обама и Дмитриј Медведев потпишаа договор во 2010 година за управување со нивниот нуклеарен арсенал и се согласија да го продолжат за уште пет години пред да истече во февруари 2021 година.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа