ОН: Претставници на Обединетите нации приведени во Етиопија за „терористички акт“

Од:

Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 16 службеници на светската организација се приведени во главниот град на Етиопија, а владиниот портпарол изјави дека тие се приведени поради „учество во терор“, додека во земјата е на сила вонредна состојба.

ОН соопштија дека не се наведени причините за притворот, но етничките Тиграјци пријавија масовни апсења врз основа на етничката припадност откако етиопската влада прогласи вонредна состојба минатата недела.

Портпаролот на ОН Стефан Дижарик изјави дека 16 службеници на светската организација се приведени во Адис Абеба и дека уште шестмина се приведени и ослободени.

Тој истакна дека претставниците на ОН активно соработуваат со владата на Етиопија за да обезбедат итно ослободување на затворениците, чија етничка припадност не ја прецизираше, туку само кажа дека се дел од персоналот на ОН и дека се од Етиопија.

Портпаролот на владата на Етиопија, Легесе Тулу изјави дека членовите на персоналот на ОН биле приведени затоа што го прекршиле законот и поради „учество во терористички акт“, без да наведе детали.

„Тоа нема никаква врска со нивната канцеларија и работа“, рече Тулу.

Етиопската влада соопшти дека приведува луѓе за кои се сомнева дека ги поддржуваат ривалските сили на Тиграј кои се борат против Владата на Етиопија изминатата година.

Етиопската комисија за човекови права објави дека стотици Тиграјци биле уапсени во Адис Абеба, меѓу кои и мајки со деца.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска