ОН предлага редуциран собир на Генералното собрание

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предлага годинашниот годишен собир на светски лидери кон крајот на септември драстично да се намали, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус.

Тој посочи шефовите на влади и држави да одржат говори однапред подготвени и да има само еден дипломат со седиште во Њујорк од секоја од 193 земји членки на ОН во салата на Генералното собрание.

Собир на светските лидери во Њујорк обично собира илјадници луѓе повеќе од една недела за време на кои се одржуваат говори, приеми, билатерални состаноци.

Оваа година, особено голем број светски лидери се очекуваа да дојдат во седиштето на ОН за да ја прослават 75-годишнината на светската организација.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска