ОН: Потребни се 6,7 милијарди долари за справување со сиромаштијата во светот

Од:

На Обединети нации и се потребни 6,7 милијарди долари за да им помогне на најсиромашните луѓе во светот, кои се најпогодени од пандемијата со Ковид-19.

Тоа е повеќе од трипати од првичните проценки.

Поголема сума на средства се потребни бидејќи се предвидува дека оваа година двојно ќе се зголеми бројот на гладни лица во светот и ќе изнесува 250 милиони.

– Ако не дејствуваме сега, ќе мора да се подготвиме за значителен раст на конфликтите, гладот и сиромаштијата, изјави координаторот за хуманитарна помош при ОН, Марк Лоукок.

Тој додаде пандемијата веќе се одразила врз најсиромашните во светот, бидејќи нивните приходи се намалени, добиле откази, а веќе се соочуваат и со недостиг на храна, а на нивните деца не им се достапни вакцините поради пандемијата.

Лоукок предупреди и дека поради растечката сиромаштија луѓето можат да се приклонат кон естремистиките групи.

Тој додаде дека се зголемени терористички активности на Блиски Исток и во регионот Сахел во Африка.

Исто така, Лоукок истакна дека сиромаштијата може да ги натера луѓето да ги напуштат своите земји во потрага по подобри можности.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он