ОН: Помош за Јемен да се избори со војната и коронавирусот

Од:

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок упати апел дека се итно потребни 2,4 милијарди долари за помош на милиони луѓе во Јемен, со цел да се изборат со војната и епидемијата на новиот коронавирус.

Тој вчера на брифинг предупреди дека програмите за Јемен се намалуваат, а ситуацијата е „алармантна“.

Агенциите на ОН и хуманитарните организации објавија заедничко соопштение во кое се наведува дека Ковид-19 многу брзо се шири во земјата, која веќе се соочува со голема хуманитарна криза.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор предупреди дека на повеќе од 12 милиони деца во Јемен им е неопходна хуманитарна помош.

– Речиси половина милион деца имаат потреба од лекување поради тешката акутна недохранетост и им се заканува смрт доколку не добијат итна нега, нагласи Фор.

Во Јемен од 2015 година војуваат јеменските безбедносни сили кои имаат поддршка од арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, и шиитските бунтовници поддржани од Иран.

Јемен, каде поради војната е уништен здравствениот систем, претходно бил погоден од епидемија на колера и денга треска.

Би можело да ве интересира

Заштитните маски задолжителни во англиските продавници од 24 јули

А1он

Сириза: Грчката влада се опушта, а бројот на новозаразени расте

А1он

120 милиони луѓе во Индија повторно во двонеделна изолација

А1он

Србија: Рекордни 170 пациенти со Ковид-19 на респиратор, денес 344 новозаразени

А1он

Цело хрватско Министерство за наука во самоизолација

Ана Ололовска

Русија до крајот на годината ќе произведе 200 милиони дози вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска