ОН: Половина од пакистанските девојчиња не одат во училиште

Од:

Во извештајот на Обединетите нации се дека половина од девојчињата не одат во основно училиште, а 75 проценти од нив не одат во средно училиште.

Како причини за не школувањето на девојчињата се наведуваат традиционалното воспитување, тешките економски услови, безбедносните проблеми и притисокот од радикалните милитанти.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари почна кампања за образување на девојчињата и донира 10 милиони долари во фондацијата отворена за Малала Јусуфзаи.

Во октомври пакистански талибанец отвори оган врз 14-годишната Малала и нејзинте две другарки, затоа што малечката Пакистанка јавно агитираше девојчињата во Пакистан да се школуваат. Таа беше застрелана во главата и рамото и беше испратена на лекување во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран