ОН по 18-ти пат ја осуди С. Кореја за кршење на човековите права

Од:

Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција во која 18-та година по ред се осудува Северна Кореја за кршење на човековите права.

За време на 43-та седница во Женева, Советот, кој се состои од 47 земји-членки, ја усвои резолуцијата со консензус, јави јужнокорејската новинска агенција Jонхап.

Советот изрази  длабока загриженост за систематските, распространети и груби кршења на човековите права во Демократската Народна Република Кореја, кои во многу случаи претставуваат злосторства против човештвото.

Северна Кореја ја отфрли резолуцијата и посочи на кршењето на човековите права во западните земји, издвојувајќи ги САД и убиството на Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, од страна на полицијата, за време на апсење минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он