ОН: Планираното производство на фосилни горива сериозно ги загрозува климатските цели

Од:

Државите во светот во моментов планираат повеќе од двојно производство на јаглен, нафта и гас, што не е во согласност со плановите за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, се посочува во денешната реакција од Обединетите нации.

Десет дена пред Самитот за климата, кој се смета за клучен за одржливоста на температурните цели на Парискиот договор, Програмата на ОН за животна средина наведува дека плановите на земјите за производство на фосилни горива во оваа деценија се „опасно неконзистентни“ со потребното намалување на емисиите, пренесува Радио Слободна Европа.

ОН велат дека емисијата на штетни гасови мора да се намали за речиси 50 проценти до 2030 година и на нула до средината на векот, со цел да се ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Но, извештајот за производство покажа дека вкупното производство на фосилни горива најверојатно ќе се зголемува најмалку до 2040 година.

Плановите за развој ќе произведат 110 проценти повеќе фосилни горива оваа деценија отколку што е во согласност со ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени над зададеното ниво, и 45 проценти повеќе во делови од светот каде што температурите се зголемуваат за два степени Целзиусови.

„Резултатите од истражувањето се јасни: глобалното производство на јаглен, нафта и гас мора да почне да опаѓа веднаш и нагло за да биде во согласност со ограничувањето на долгорочното затоплување“, вели Плој Ачакулвисут, главен автор на извештајот од Институтот за животна средина во Стокхолм.

Тој додава дека државите, сепак, продолжуваат да планираат и поддржуваат нивоа на производство на фосилни горива што далеку ги надминуваат оние количини што можеме безбедно да ги согориме.

Со сегашната стапка на затоплување од 1,1 степени Целзиусови, планетата се повеќе се бори со чести суши, поплави и бури кои стануваат посилни со зголемувањето на нивото на морето.

Според Парискиот договор од 2015 година, земјите се обврзаа да го ограничат затоплувањето на 1,5 до 2 Целзиусови степени преку значително намалување на емисиите на стакленички гасови, потсетува РСЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска