ОН: Огромно губење на биодиверзитетот во светот

Од:

Светот во голема мера не успеа да го заштити биодиверзитетот, природата страда сè повеќе и ситуацијата се влошува, се вели во најголемиот извештај на ООН, пренесува германската агенција ДПА.

Глобалниот извештај за биодиверзитет на ОН заклучува дека ниту една од дваесетте цели за биодиверзитет, договорени пред десет години со крајниот рок до 2020 година, не е целосно остварена.

Само шест цели – во врска со заштитата на екосистемите и унапредувањето на одржливоста – се „делумно постигнати“.

Особено се загрозени кревките екосистеми, како што се корални гребени и тропски шуми, а на коралите се повеќе им се заканува истребување, велат научниците.

Прекумерен риболов, преголема експлоатација, климатски промени, загадување и инвазивни видови се некои од причините за губење на биолошката разновидност и деградација на екосистемот.

Но, според извештајот, има и светли точки, вклучително и намалување на стапката на уништување на шумите, зголемена свесност за биодиверзитетот и неговото зачувување, како и поголем удел на копно и океаните на планетата кои се ставени под заштита.

– Многу добри работи се случуваат низ целиот свет и тие треба да се слават и охрабруваат, рече Елизабет Марума Мрема, извршен секретар на Конвенцијата за биолошка разновидност, која го објави извештајот.

– Сепак, стапката на загуба на биолошката разновидност е без преседан во историјата на човештвото, додека притисоците се зголемуваат. Живите системи на Земјата како целина се загрозени, вели таа.

Мрема додаде дека континуираната деградација на природата ги зголемува шансите за ширење на болести како новиот коронавирус на луѓето.

Извештајот повикува на осум итни измени за запирање на пропаѓањето на природата, вклучително и обновување на екосистемот, редизајн на земјоделството и намалена потрошувачка на месо и риба.

Би можело да ве интересира

ОН: Пандемијата не ги ублажи значително климатските промени

Ана Ололовска

Макрон на видео конференција со главните донатори за заштита на климата

Ана Ололовска

ИФРЦ: Расте бројот на катастрофи предизвикани од екстремни климатски услови

Ана Ололовска

Експерти: Против климатските промени нема вакцина

Ана Ололовска

САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени

Ана Ололовска

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Арктикот

Ана Ололовска