ОН: Ограничувањето на абортусот само го прави посмртоносен

Од:

Ограничувањето на пристапот до абортусот не ги спречува луѓето да го вршат и „тоа само го прави посмртоносен“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката од 1973 година за легализирање на абортусот.

„Сексуалното и репродуктивното здравје и права се основата на животот по избор, зајакнување и еднаквост за жените и девојчињата ширум светот. Ограничувањето на пристапот до абортус не ги спречува луѓето да бараат абортус, тоа само го прави посмртоносен“, изјави портпаролот Стефан Дујарик.

Агенцијата на ОН за сексуално и репродуктивно здравје (УНФПА) наведува дека „неверојатни 45 отсто од сите абортуси во светот се ризични, што ги прави најголема причина за смрт на мајките“.

„Одлуката на САД е голем чекор наназад и огромен удар за човековите права на жените и родовата еднаквост“, рече шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет во соопштение.

Речиси половина од сите бремености во светот се ненамерни, а повеќе од 60 отсто од нив може да завршат со спонтан абортус, соопшти УНФПА.

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Американскиот претседател Џо Бајден по повод одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот изјави дека „ова е тажен ден за земјата“ и вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да ги заштити правата на жените.

„Одлуката на Врховниот суд буквално ја врати Америка 150 години наназад бидејќи ги постави државните закони од 1800-те кои го криминализираат абортусот како објаснување“, рече Бајден во обраќањето во Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат