Советот за безбедност на ОН одобри вчера намалување на мировната мисија во суданскиот регион Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и Африканската унија препорачаа за тоа во извештај од минатиот месец.
Советот вчера едногласно ја прифати резолуцијата за намалување на бројноста на контигентот.
Мировните сили ќе бидат намалени од 15.485 на 11.395 во следните шест месеци, а полициското присуство ќе биде намалено од 3.403 на 2.888 луѓе.
Советот побара од Гутереш и АУ до 1 јануари идната година да дадат анализа за состојбата во Дарфур. Од тоа ќе зависи новото намалување на мисијата во првата половина на 2018 година – до 8.735 војници и 2.500 полицајци.