ОН: Немаме капацитет да му помогнеме на Авганистан

Од:

ОН немаат доволно капацитет да бараат и спасуваат луѓе по разорниот земјотрес во Авганистан, а Турција е во најдобра позиција да ги обезбеди, изјави денеска заменик-претставникот на ОН за Авганистан, Рамиз Алакбаров.

dobivaj vesti na viber

„Разговаравме за тоа со турската амбасада овде на терен и тие чекаат да им испратиме формално барање“, рече Алакбаров.

Тој додаде дека ОН ќе можат да испратат такво барање до Турција само по разговори со локалните власти и кога ќе се утврдат вистинските околности на теренот.

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан во близина на пакистанската граница, според претходните податоци, како што објавија локалните власти, загинале најмалку 1.000 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот во Авганистан

Ана Ололовска

Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Авганистан

Ана Ололовска

По земјотресот пристигнува помош во Авганистан

Ана Ололовска

Хронологија: Најсмртоносни земјотреси во Авганистан во последните две децении

Ана Ололовска

ВИДЕО: Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес се искачи на 950 лица

Ана Ололовска

ВИДЕО: Над 280 загинати и 600 повредени во силниот земјотрес во Авганистан

Ана Ололовска