ОН: Над 3.500 жртви во судирите во Украина

Од:

Најмалку 3.543 лица загинале досега во судирите во источна Украина, ако се сметаат и 298 жртви во падот на малезискиот авион, соопшти синоќа Канцеларијата за човекови права на ОН.

Помошникот генерален секретар на ОН задолжен за човекови права Иван Симоновиќ изјави дека е можно оваа бројка да е значително поголема.

Бројот на жртви во судирите во Источна Украина претходно беше проценет на околу 3.000 жртви.

Симоновиќ пред Советот за човекови права на ОН во Женева објави дека Светската организација  регистрирала зголемување на бројот на жртвите, особено меѓу средината на јули и средината на август.

До прекинот на огнот постигнат на 5 септември, во просек дневно имало 42 жртви. По овој датум просечнот број на жртви дневно изнесува околу десет лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми