ОН: Милиони луѓе се жртви на сексуално злоупотребување

Од:

Канцеларијата за дрога и криминал при Обединетите нации (УНОДЦ) објави извештај за злоупотребувањето и принудување на проституција во кој се нагласува дека милиони лица во 118 земји во светот, претежно жени, се изложени на овој вид на насилство.

Во извештајот се наведува дека уделот на сексуалното злоупотребување во вкупното злоупотребување на луѓе е 58 проценти, а принудувањето на проституција изминатите четири години е во значителен пораст и моментално изнесува 36 отсто.

Извештајот на УНДОЦ нагласува дека сексуалното злоупотребување е изразено во Европа, САД и средна Азија, додека принудувањето на проституција во земјите во Африка, Блискиот Исток, јужна и северна Азија и Пацификот.

Кога е во прашање трговијата со луѓе, во извештајот на УНДОЦ се нагласува дека трговијата со жени изнесува 60 отсто, а доколку се додаде трговијата со млади жени, тогаш тој процент се зголемува на 74 отсто од вкупната трговија со луѓе.

Извештајот наведува дека во пораст е и трговијата со деца. Уделот во трговијата со деца до 2006 година изнесувал 20 проценти, додека според податоците од периодот 2007-2010 година, тој процент е зголемен на 27. Две третини од децата жртви на трговија се девојчиња.

УНДОЦ тврди дека и трговијата со органи, принудувањето на питачење, принудното склопување на бракови и принудното посвојување на деца може да се разгледува како растечки проблем во рамки на проблемот на трговија со луѓе.

Светската организација за труд тврди дека 20,9 милиони луѓе во светот се жртви на принуден труд.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Грозоморно убиство во затвор во Србија: Го силувале со метла, починал старец

А1он

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Момчиња од Тетово силувале малолетничка

Горан Наумовски

Маж од Штип осомничен дека силувал малолетничка