ОН: Либискиот привремен премиер е избран со нудење мито

Од:

Легитимноста на новиот привремен премиер на Либија, Абдул Хамид Дбеибах, е доведена во прашање во истрага на ОН, според која тој наводно стекнал моќ откако неговите приврзаници понудиле мито од дури 200.000 американски долари за привлекување гласови.

Неговите приврзаници наводно понудиле пари во хотел во Тунис каде што се состанал форум за политички дијалог, избран од ОН за избор на привремен премиер до националните избори закажани за декември, јави британскиот весник „Гардијан“.

Во истрагата се наведува дека во фоајето на хотелот почнала расправија откако делегатите откриле дека митото за нивниот глас е помало од она што било тајно понудено на другите.

Еден делегат слушнал дека биле понудени дури 500.000 американски долари.

Привремениот кабинет на премиерот ги опиша тврдењата како лажни вести наменети за нарушување на политичкиот процес.

Извештајот на ОН треба да биде објавен на 15 март, откако беше побарана истрага за наводите за мито од тогашната вршител на должноста специјална претставничка на ОН за Либија, Стефани Вилијамс.

Извештајот открива дека двајца учесници наводно нуделе мито од 150.000 до 200.000 американски долари на најмалку тројца учесници на форумот, кои ветиле дека ќе гласаат Дбеибах да стане премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски