ОН: Либанската економска криза силно ги погоди сириските бегалци

Од:

Агенциите на ОН денеска предупредија дека повеќе од милион сириски бегалци во Либан, земја во економска криза, се соочуваат со влошени услови за живот и дека девет од десет од нив живеат во екстремна сиромаштија.

Условите се влошија и покрај зголемената помош за Сиријците кои живеат во Либан, каде што секој четврти е бегалец. Меѓу Сиријците, се повеќе деца работат и стапуваат во брак, додека на илјадници луѓе им се заканува иселување, пренесува Бета.

Во годишниот извештај на Агенцијата на ОН за бегалци, Светската програма за храна и Агенцијата за деца, исто така, се наведува дека цената на основната потрошувачка кошничка е зголемена повеќе од седум пати од крајот на 2019 година, кога започна финансиската криза во Либан. Основната потрошувачка кошничка содржи само 13 производи, вклучувајќи компири, леб, јајца и млеко во прав, што ОН го опишува како минимум за опстанок, а не за „достоинствен живот“.

Либан се соочува со економска криза што доведе до пад на вредноста на националната валута за 90 проценти и повеќе од 55 проценти од населението живее под прагот на сиромаштија, а цените и невработеноста растат. Кризата го направи животот уште потежок за сириските бегалци, од кои многумина живеат во привремено сместување и заработуваат малку.

Ајаки Ито, претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), предупреди на долгорочните последици, повикувајќи на поголема помош за Либан и бегалците.

Агенциите на ОН предупредуваат дека децата најмногу страдаат и дека бројот на деца на возраст од шест до 14 години кои посетуваат училиште е намален за 25 проценти, додека дека 30 проценти на таа возраст никогаш не ни оделе во училиште.

Илјадници сириски деца работат, а едно од пет девојчиња на возраст од 15 до 19 години е во брак, тренд кој е раст во последните три години.

Сиријците побегнаа во Либан во првите години од граѓанската војна во Сирија, која започна во 2011 година. Либанската влада ги затвори вратите за бегалците во 2015 година, велејќи дека тие станале товар, но Сиријците продолжија да доаѓаат.

Речиси 60 проценти од сириските бегалски семејства живеат во опасни и преполни засолништа. Во извештајот се наведува дека на многумина им се заканува и иселување поради зголемувањето на цените за изнајмување.

Би можело да ве интересира

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Во израелските напади врз Либан загинаа 11 цивили, меѓу кои шест деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца