ОН: Либан може да остане без основна храна до крајот на 2020 година

Од:

Повеќе од половина од населението во Либан би можело да остане без основна храна до крајот на годинава, поради економската криза и по експлозијата во која беше уништен голем дел од пристаништето во Бејрут, предупредија денеска Обединетите нации (ООН).

Владата мора да преземе итни мерки за спречување на кризата, рече Рола Дашти, која е на чело на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЕСЦВА).

Таа ги повика властите да ги обноват силосите уништени во силната експлозија во пристаништето на 4 август.

„Пристаништето е главната точка на влез на стоки во Либан, што зависи од увозот на храна“, наведува агенцијата на ОН.

ЕСЦВА претходно соопшти дека Либан е парализиран од последиците од бројните шокови што ја осиромашија економијата и предизвикаа невиден пораст на стапката на сиромаштија.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа