ОН: Климатските мигранти не смеат да бидат вратени во земјите од каде побегнале

Од:

Незаконски е националните влади да ги вратат луѓето во земјите од каде побегнале, каде што нивните животи би можеле да бидат загрозени од климатската криза, пресуди Комитетот за човекови права на Обединетите нации.

Пресудата, која е прва од ваков вид, претставува правна „точка на пресврт“ и момент што „ја отвора вратата“ на идните барања за азил на луѓе чиј живот и благосостојба се загрозени поради глобалното затоплување, велат експертите.

Десетици милиони луѓе се очекува да бидат раселени од глобалното затоплување во следната деценија.

Комитетот за човекови права пресудата ја донесе во случајот на Ионеа Теитиоте, кој побара заштита од Нов Зеланд бидејќи во родните Кирибати му бил загрозен животот. Република Кирибати е островска држава во централниот дел на Тихиот Океан, и е во опасност да стане првата земја која ќе исчезне поради зголемување на нивото на морето.

Комитетот пресуди против Теитиоте, врз основа на тоа дека неговиот живот во моментов не е загрозен, но истовремено потенцираше дека државите би ги прекршиле маѓународните човекови права ако присилно ги вратат назад луѓето во земји каде климатските промени претставуваат непосредна закана.

Според истражувањето на Светска банка од 2018 година, 143 милиони луѓе од Јужна Азија, субсахарска Африка и латинска Америка би можеле наскоро да станат климатски мигранти.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата