ОН ќе го објават Прирачникот за решенија за климатски промени

Од:

Експертите за клима на ОН денеска треба да го објават она што се очекува да биде дефинитивен водич за запирање на глобалното затоплување, извештај што прикажува како општествата и економиите мора да се трансформираат за да обезбедат иднина „во која може да се живее“.

Со оглед на тоа што војната во Украина поттикнува итно енергетско преиспитување на Западот, аналитичарите велат дека најновиот извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, исто така, ќе биде важен ресурс за земјите кои бараат брза транзиција од руската нафта и гас. Во последниве месеци IPCC ги објави првите два дела од трилогијата научни проценки кои опфаќаат како загадувањето со штетни гасови ја загрева планетата и што значи тоа за животот на Земјата. Овој трет извештај ќе наведе што да се направи во врска со тоа.

Но, тој одговор има огромни политички последици бидејќи климатските решенија ги допираат практично сите аспекти на модерниот живот и бараат значителни инвестиции.

Претставници на речиси 200 нации две недели имаа исцрпувачки преговори за да направат „резиме за креаторите на политиката“ на високо ниво од стотиците страници на основната проценка. Проценката на IPCC првично требаше да биде јавно објавена денеска во 09:00 часот по Гринич, но e одложена за 15 часот по Гринич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска